За најмногу 48 часа, вакцината против ковид-19 на производителот „Џонсон и Џонсон“ треба да биде достапна за имунизација на Американците.
Неделава во САД треба да се испорачаат четири милиони дози од оваа вакцина, а до јуни 100 милиони дози, јавуваат американските медиуми.
Акциите на фармацевтската компанија пораснаа за 2,9 проценти во претпродажба откако во саботата американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри својата еднократна вакцина против ковид-19.
Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19. „МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“.