Српскиот претседател во гостување на телевизијата го раскажа разговорот од 4 мај 2023 година, кога претставници на странска држава и служба во неговиот кабинет му рекле дека се работи за помлад малолетник кому Србија не може да му суди, ниту да го заштити, па затоа треба да им го предаде
Еден ден откако се случи масовното убиство во мај 2023 година во основоното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, една странска држава и служба побараа да им го предеме малолетникот Коста Кецмановиќ, тогаш 13-годишно момче кое на 3 мај застрела девет ученици, еден припадник на обезбедувањето и повреди уште пет ученици и еден наставник.
Ова денеска во гостување на ТВ Пинк го изјави спрскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека тогаш одбил да разговара на оваа тема, сметајќи дека тоа не би било праведно кон семејствата на жртвите.

„Јас сум противник на теориите на заговор, но тогаш чудни работи се случуваа околу ‘Рибникар‘“,
рече тој.
Српскиот претседател во гостување на телевизијата го раскажа разговорот од 4 мај 2023 година, кога претставници на странска држава и служба во неговиот кабинет му рекле дека се работи за помлад малолетник кому Србија не може да му суди, ниту да го заштити, па затоа треба да им го предаде.
„Ден откако се случи настанот, дојдоа и ми кажаа дека тоа дете ние нема да можеме да го казниме, дека тоа треба да живее и затоа треба да им го препуштиме ним. Одбив да зборувам на таа тема, бидејќи знам колку тоа би било неправедно кон семејствата на жртвите. Тоа директно го побара претставник на една странска земја и странска служба“,
рече тој.
Инаку, Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето со првостепена пресуда во Вишиот суд во Белград е осуден на 14,5 години затвор. Мајката на момчето, Миљана Кецмановиќ, според пресудата на Вишиот суд, е осудена на три години затвор. На една година и три месеци затвор е осуден и Немања Маринковиќ – инструкторот на стрелиштето каде што, според обвинението, Владимир Кецмановиќ го однел синот на вежбање стрелање.
Малолетниот Коста Кецмановиќ, тогаш 13-годишно момче, на 3 мај минатата година застрела девет ученици, еден припадник на обезбедувањето и повреди уште пет ученици и наставник во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Од денот на извршувањето на масакрот, тој се наоѓа во психијатриска болница.