Втората пратка вакцини од „Фајзер“, која е дел од донацијата од Србија, ќе пристигне утре, информира Министерството за здравство.
Пратката со вакцини ќе ја предаде министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, а од македонската страна ќе ја прифати неговиот колега Венко Филипче.
Примопредавањето ќе се одвива на граничниот премин „Табановце“, меѓу С Македонија и Србија.