Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.