Во Скопје денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе биде -4, а во текот на денот ќе се искачи до 6 степени Целзиусови
Времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел од земјата ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата наутро ќе биде од -6 до 0 степени, а во текот на денот од 5 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе биде -4, а во текот на денот ќе се искачи до 6 степени Целзиусови.
Утре се очекува утрото да биде студено со услови за појава на магла или ниска облачност понекаде во котлините. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Во Скопје, утре наутро ќе биде студено и магливо, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер.