Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 25 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 13, а максималните од 16 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 25 Целзиусови степени.
За време на викендот не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.