Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Наутро темпертурата во Скопје ќе биде 5, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од земјата ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 0 до 8 степени, а во текот на денот од 9 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Наутро темпертурата во Скопје ќе биде 5, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.
Утре, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Темпертурата утре, во некои делови од земјата, наутро ќе биде од -1, а во текот на денот ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.