Утринската температура ќе биде од -3 до 4 степени, а во текот на денот од 0 до 10 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд. Во некои пониски делови од земјата, како и на некои од повисоките места и на планините ќе има снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи. Утринската температура ќе биде од -3 до 4 степени, а во текот на денот од 0 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 1, а во текот на денот таа ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.
Утре, од УХМР информираат дека времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Темературата утре ќе биде од -5 степени наутро, до 10 Целзиусови во текот на денот.