Според анкетата објавена од германскиот јавен сервис АРД, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, АфД повторно се позиционираше како најубедлива политичка опција со 37 отсто поддршка, додека ЦДУ останува на 5,5 отсто и паѓа на петтата политичка позиција
Во Берлин, изборната сцена е сосема поинаква. Во главниот град и еден од најнаселените градови-држави во земјата, Левичарската партија го зазема првото место со 25,3 отсто, по што следуваат ЦДУ со 19,1 отсто, АфД со 16,2 отсто, Зелените со 14,5 отсто, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 12,1 отсто
Алтернатива за Германија (АфД) е новата народна партија во државата, изјави копретседателката на оваа крајно десничарска партија, Алис Вајдел по покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија.
Канцеларот Фридрих Мерц го нарече „слаб“ и побара негова оставка.

„Јасно е дека АфД е новата народна партија во Германија. Ја надминавме ЦДУ оти народот сака политички промени“,
рече таа на прославата по објавените изборни резултати.
Потоа посочи дека ЦДУ со Фридрих Мерц, како „слаб“ канцелар, не може да продолжи.
Според анкетата објавена од германскиот јавен сервис АРД, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, АфД повторно се позиционираше како најубедлива политичка опција со 37 отсто поддршка, додека ЦДУ останува на 5,5 отсто и паѓа на петтата политичка позиција.
Во Берлин, изборната сцена е сосема поинаква. Во главниот град и еден од најнаселените градови-држави во земјата, Левичарската партија го зазема првото место со 25,3 отсто, по што следуваат ЦДУ со 19,1 отсто, АфД со 16,2 отсто, Зелените со 14,5 отсто, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) со 12,1 отсто и Алијансата Сара Вагенкнехт (БСЊ) со 5 отсто.
Веднаш по објавувањето на првичните резултати од излезните анкети, свое обраќање имаше и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој порача дека останува на функцијата и покрај тешките резултати за неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на изборите во Мекленбург-Западна Померанија и во Берлин.
Резултатот во Мекленбург-Западна Померанија Мерц го нарече „катастрофа“ за неговата партија, но порача дека нема намера да се повлече и дека ќе продолжи со плановите на коалициската влада за економски, даночни и социјални реформи.
Посочи дека реформите ги гледа како одговор на, како што рече, „авторитарниот отров“ кој навлегува во германското општество.
