Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -5 до 3 степени, а во текот на денот од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро температурата ќе биде -1, а во текот на денот ќе се искачи до 7 Целзиусови степени.
Утре наутро ќе биде студено со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот времето ќе биде сончево и суво со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот се очекува облачноста да се зголемува. Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утре температурата ќе биде од -3 до 11 Целзиусови степени.