Оттаму апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а особено да внимаваат на дозволената брзина на движење, која на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час
Додаваат дека во наредниот период се очекува „Безбеден град“ да профункционира и на патниот правец помеѓу селата Горенци и Требениште, на другите пофреквентни сообраќајници, како и делот од коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид
Безбедносни камери од системот „Безбеден град“ (Safe City) денеска, по финално тестирање од страна на стручни екипи, се ставени во функција на автопатската делница кај Ново Село, Општина Дебрца, со што овој систем за сообраќаен надзор постепено почнува да се воведува и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, информираа попладнево оттаму.

Оттаму апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а особено да внимаваат на дозволената брзина на движење, која на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.
„СВР Охрид ја известува јавноста, особено возачите на моторни возила, дека од денеска современиот систем за сообраќаен надзор ‘Безбеден град’ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 1.2.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид. Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, Општина Дебрца“,
се наведува во соопштението од СВР Охрид.
Оттаму додаваат дека во наредниот период се очекува „Безбеден град“ да профункционира и на патниот правец помеѓу селата Горенци и Требениште, на другите пофреквентни сообраќајници, како и делот од коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид.
На овие делници, како што информираат од Секторот, уредите се поставени, но сè уште не вршат санкционирања бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање.
„Системот ‘Безбеден град’ ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот“,
наведуваат од СВР Охрид во соопштението.
Системот „Безбеден град“ почна со функција на 1 февруари годинава, на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и коридорите 8 и 10.
Со тоа и официјално почна санкционирањето на граѓаните што направиле прекршок детектиран од камерите на системот.
Како што информираа тогаш од МВР, се детектираат четири типични сообраќајни прекршоци, како непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.
