Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните утрински температури ќе се движат од минус 5 до 3, а максималните дневни од 5 до 13 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува“,
велат од УХМР.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец .
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните утрински температури ќе се движат од минус 5 до 3, а максималните дневни од 5 до 13 Целзиусови степени.
И за утре се предвидува променливо облачно и потопло, со сончеви периоди, со минимални температури од 2 до 8, а максимални од 11 до 18 Целзиусови степени.
„Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег“,
велат од УХМР.