Врнежите на места ќе бидат обилни и ќе достигнат над 40 литри на квадратен метар. Дождот повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи и силен ветер
Облачно и посвежо со врнежи од дожд – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за првиот ден од викендот. Врнежите наместа ќе бидат обилни и ќе достигнат над 40 литри на квадратен метар. Дождот повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи и силен ветер.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 6 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 9 до 19 степени.
Облачно време со врнежи од дожд се очекува и во Скопје. Врнежите повремено ќе бидат поројни и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурите во главниот град денеска ќе се движат во интервал од 13 до 16 степени.
За утре УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност, додека во западните делови од земјава во попладневните часови ќе има услови за локален дожд.