Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла
Студено утро со магла, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во источните делови во земјата. Ова е временската прогноза за денеска, која предвидува дека минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната од 3 до 11 степени.
Во Скопје утрово ќе има магла, а потоа ќе биде облачно. Минималната тепература ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и следните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла.
„Утринските температури ќе бидат околу нулата, а дневните во одреедени делови од земјата ќе надминуваат 10 степени“,
вела од УХМР.
Од утре се очекува дожд, а на планините снег.