Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени
Времето претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во недела ќе се задржи стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во благ пораст. По котлините ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Од понеделник облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд, на планините од снег, се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот.
Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 53 сантиметри.
Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и -8 степени во Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, како и -1 степен во Охрид и Гевгелија.
Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 45 сантиметри, 29 е во Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, 7 Штип и 3 сантиметри во Крива Паланка.