Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот
Променливо облачно време со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови нѐ очекува денеска. Според УХМР, претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Утре нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Сончево време со мала до умерена облачност ќе имаме задутре. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.