Уште 180 македонски граѓани се вратени во земјава. Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон, Германија.
Со ова, бројката на вратени македонски граѓани заклучно со денеска изнесува 2.200. Тие претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.
„На летот од Скопје за Берлин им помогнавме и на 163 странски државјани во земјава да се упатат кон своите домови“,
стои во соопштението на МНР.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.
МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство