Независниот синдикат на полицијата соопшти дека ќе бара ресорниот министер Панче Тошковски итно да интервенира во ФЗОМ
Вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) се без здравствено осигурување, додека институциите меѓусебно си ја префрлаат вината.
Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) велат дека МВР не платило придонеси за работниците кои судски биле вратени на своите работни места. Додаваат дека здравственото осигурување се активира автоматски по уплатените придонеси.
Од друга страна, MВР тврди дека со платата за месец јули се платени и сите придонеси за пријавените вработени во ресорот.
Засегнатите алармираат институциите да најдат решение. Од Независниот синдикат на полицијата бараат министерот Панче Тошковски итно да интервенира во ФЗОМ, со цел проблемот во најкраток можен рок да биде надминат и да се обезбеди трајно решение за да не се повторува во иднина.
Од ФЗОМ велат дека се во директна координација за надминување на состојбата.
Реагираа и од Левица. Оттаму велат дека вработените се оставени да чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен. Напоменуваат дека ова се случило и во јуни.
„Ако МВР и ФЗОМ се под иста власт, зошто се однесуваат како да се две спротивставени влади кои првпат се среќаваат? Нека седнат, нека си ги усогласат податоците, нека ги платат придонесите и нека го решат проблемот. На чело на Фондот е Перински, поставен од ДПМНЕ, исто како што Тошковски е поставен на чело на МВР, па наместо да сведочиме внатрепартиски каги и префрлања на одговорност, нека си ја завршат работата. Вработените во МВР не ги интересира кој каде згрешил и која институција ќе излезе како победник. Ги интересира да не бидат враќани од болница и да можат да го користат здравственото осигурување кое државата е должна да им го обезбеди“,
се влеи во партиската реакција.
