До сообраќајната незгода, додаваат од Генералштабот на Армијата, дошло поради лошите временски услови што придонеле до слаба видливост и лизгав коловоз

Возач на воено моторно возило вчера, поради лошите временски услови што придонеле до слаба видливост и лизгав коловоз, изгубил контрола и возилото излегло од патот во канал за наводнување, информираат од канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата. Во сообраќајната незгода, додаваат од Генералштабот на Армијата, била причинета незначителна материјална штета на возилото, односно имало само скинати гуми, а немало ниту какви било последици на возачот.
Возилото било на извршување на доделените задачи во рамки на операцијата на НАТО-КФОР во Косово. До несреќата дошло додека возилото било на извршување редовна патрола од страна на припадници на Армијата.
„Како дел од стандардните оперативни процедури, со поддршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во Регионалната команда – запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде што по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување задачи во склоп на мисијата“,
се додава во соопштението од ГШ на Армијата.
