И Словачка вечерва прогласи вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, откако бројот на заболени се искачи на 61 лице.
Премиерот Петер Пелегрини информираше дека од утре ќе се затворат сите трговски центри, ресторани и кафулиња, а ќе можат да работат само продавниците за храна, аптеките и бензиските станици.
Најави дека владиниот кризен штаб ќе разгледува и дополнителни мерки и ограничувања, а ќе се бараат и решенија за да се намалат последиците врз економијата.
„Мора да направиме сѐ за ширењето на коронавирусот да не ескалира“,
изјави Пелегрини на вечерашната прес-конференција.
Пелегрини најави и дека најверојатно „Фолксваген“ ќе го запре производството во својата фабрика за автомобили во близина на Братислава поради сомнителен случај на коронавирус меѓу вработените.
Поврзани вести:
И Србија во карантин – Вучиќ прогласи вонредна состојба