Во изјава за Радио-телевизија Србија (РТС), претставникот на „Патишта на Србија“, Дарко Савиќ, кажа дека системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори, а дека системот ќе функционира со поврзување на ТАГ-уредот со платежната картичка на корисникот. Додаде и дека не е потребно надополнување, туку дека парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот
Во земјите од Отворен Балкан во тек е тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарина, а овие ТАГ-уреди ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македонија.
Во изјава за Радио-телевизија Србија (РТС), претставникот на „Патишта на Србија“, Дарко Савиќ, кажа дека системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори.
„Системот во моментов е во тест-фаза, но очекуваме многу брзо да бидат потпишани конечните договори и системот да профункционира. Многу лесно може да се прошири на други системи за наплата, дури и на системи како што се сателитскиот во Бугарија, како и на системите за наплата во Република Српска, каде што веќе ги тестиравме нашите уреди и тие работат, како и во БиХ и во Црна Гора“,
кажа Дарко Савиќ.
Тој појасни дека во рамки на Отворен Балкан системот ќе функционира со поврзување на ТАГ-уредот со платежната картичка на корисникот. Додаде и дека не е потребно надополнување, туку дека парите ќе се симнуваат од сметката на корисникот.
Меѓу другото, нагласи и дека во Србија во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици за корисниците на електронското плаќање да можат побрзо да минуваат низ наплатните станици.