Панчевски е обвинет за малверзации со АКМИС, односно дека влијаел на распределбата на педесетина предмети во „скопска единица“, така што самиот одредувал судии за случаите
Денеска во Судот во Велес почнува судењето на експретседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој треба да биде донесен од притвор од затворот во Шуто Оризари.
Панчевски е обвинет за малверзации со АКМИС, односно дека влијаел на распределбата на педесетина предмети во скопска единица, така што самиот одредувал судии за случаите.
Откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето, на Панчевски му беше одреден притвор. По него беше распишана и потерница откако неколку дена по ред беше недостапен за полицијата. На крајот, тој самиот се пријави во истражниот затвор „Скопје“.