Против правно лице од село Долно Градче, кочанско, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице од с.Долно Градче, кочанско и против В.В.(36) од Кочани, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“,
информира Министерството за внатрешни работи.
На 3 јануари 2021 година полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и било констатирано дека работи по дозволеното време и во него биле затекнати 11 лица.
