Излезеноста во Општина Центар Жупа на овие избори е само 25,6%. Со овој „резултат“, Центар Жупа е општината со најмала излезеност до 18:30 часот. Според податоците на Државната изборна комисија, од вкупно обработени 94,7% од избирачите, уште осум други општини имаат излезеност која не надминува 40%. Така, општини со најнизок одзив до 18:30 се:
- Центар Жупа – 25,6 %
- Маврово и Ростуша – 31 %
- Шуто Оризари – 33,31 %
- Пласница – 33,92 %
- Врапчиште – 34,81 %
- Липково – 35,7 %
- Боговиње – 35,86 %
- Желино – 36,66 %
- Гостивар – 37,73 %
На другиот крај, општина со највисок одзивот до 18:30 е Лозово. Таму гласале 76,59% од граѓаните кои се на избирачкиот список. Со излезеност од над 70% се и:
- Македонски Брод – 73,29
- Вевчани – 73,24
- Дојран – 73,15
- Новаци – 72,71
- Конче – 72,46
- Карбинци – 71,46
- Росоман – 71,39
- Кривогаштани – 71,11
- Демир Хисар – 70,89
- Демир Капија – 70,57
Според последните податоци на Државната изборна комисија, излезеноста до 18:30 е 48,99 отсто, по обработени 94,7 проценти од избирачите.