Во текот на изминатото деноноќие забраната за движење ја прекршиле 172 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Од нив, 134 лица се приведени, а на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Најмногу прекршувања на полицискиот час се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Според статистичките податоци, пак, 253 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од оние што веќе се наоѓаат во изолација и самоизолација, полицијата не евидентирала ниту еден што ја прекршил таа мерка.