Во Србија во изминативе 24 часа тестирани се 2 646 лица, од кои досега се евидентирни најмногу позитивни случаи, 424 лица. Со тоа вкупниот број на заразени во Србија изнесува 4 054 лица, соопшти секретарот за здравство Зоран Гојковиќ на владината прес-конференција на кризниот штаб.
Од новите 424 заразени, само во Геронтолошиот центар во Ниш, позитивни на вирусот се 140 штитеници и 4 вработани. Поради ова, денеска беше уапсен и директорот на овој центар.
„Од вкупната денешна бројка на 424 заразени во Србија, најголем дел се пациенти од Геронтолошкиот центар во Ниш или од 256 штитеници- 140 стари лица и 4 вработени се позитивни на вирусот, поради што денес имаме вака голема бројка на заразени. Ова е последица на непочитување на мерките на надлежниот директор, со многу пропусти, биле дозволени посети, излегување на штитениците, а се криеле дури и симптоми на дел од заразените. Затоа е приведен директорот и против него е поднесена кривична пријава за најтешко кривично дело за кое е предвиден казна затвор до 12 години“,
кажа Гојковиќ.
Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се и пет нови смртни случаи, три мажи и две жени, на просечна возраст од 76 години, со што вкупниот број на починати изнесува 85 лица, со смртност во однос на заразените од 2,09 отсто.