Српската полиција во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во Ниш, денеска го уапсија директорот на на Геронтолошкиот завод во Ниш под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето.
Тој се сомничи дека како овластено лице на центарот за геронтологија во Ниш не ги презел сите неопходни мерки и активности за да го спречи ширењето на заразна болест ковид-19, што резултирало со зараза во оваа установа на 135 корисници на услуги и на четворица вработени.
На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа.