Опомената за Александар Вучиќ беше проследена со извици на поддршка и аплауз од страна на пратениците на Студентската листа, додека опозиционерите станаа од своите места, почнаа да негодуваат, а двајца од нив – Ана Брнабиќ и Миленко Јованов – се приближија до масата на претседателот на парламентот. Чупиќ ги прекори што се приближиле до масата на претседателот без покана, па и тие добија опомена
Покрај пратениците на СНС, претседателот на Народното собрание му изрече опомена и на претседателот на пратеничката група на Студентската листа, Јово Бакиќ, затоа што во своето обраќање не се придржувал до темата за избор на заменик-претседател на парламентот, што во моментов е точка на дневен ред во српскиот парламент
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, им издаде седум опомени на пратениците од опозициската Српска напредна партија (СНС) на денешното продолжение на конститутивната седница. Една од опомените му беше изречена и на пратеникот и претседател на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, кој повеќепати беше предупреден да не отстапува од точката на дневен ред.

Опомената за Вучиќ беше проследена со извици на поддршка и аплауз од страна на пратениците на Студентската листа, додека опозиционерите станаа од своите места, почнаа да негодуваат, а двајца од нив – Ана Брнабиќ и Миленко Јованов – се приближија до масата на претседателот на парламентот. Чупиќ ги прекори што се приближиле до масата на претседателот без покана, па и тие добија опомена.
Брнабиќ подоцна во текот на вечерта одржа прес-конференција во парламентот, оценувајќи дека демократијата и слободата на говорот повеќе не постојат во законодавниот дом на Србија. Без преседан е, вели таа, претседател на парламентот да изрече седум опомени само во првиот час откако е избран на оваа позиција.
„Ова го кажавме пред три дена, а го повторуваме и денес – демократијата овде повеќе не постои. Вечерва видовме дека откако ’ослободителите‘ од Студентската листа си избраа свој претседател, не само што е укината демократијата, туку е згасната и слободата на говорот“,
рече Брнабиќ на прес-конференцијата.
Потсетувајќи на својот мандат како претседателка на Народното собрание во претходниот парламентарен состав, Брнабиќ рече дека за време на конститутивната седница во тој мандат, опозициските пратеници фрлале тоалетна хартија кон неа, а ниту еден не добил формална опомена.
Покрај пратениците на СНС, Чупиќ му изрече опомена и на претседателот на пратеничката група на Студентската листа, Јово Бакиќ, затоа што во своето обраќање не се придржувал до темата за избор на заменик-претседател на парламентот, што во моментов е точка на дневен ред во српскиот парламент.
Со 136 гласа „за“ и без ниеден „против“ или „воздржан“, пратениците вечерва го изгласаа предлогот Народното собрание на Србија да има шест потпретседатели. Гласањето за потпретседателите се одржа јавно со поименично гласање на пратениците.
