Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.
На 61-годишна возраст во сообраќајна несреќа загина Живко Пејковски, поранешен директор на затворот „Идризово“ и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.
Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиските и пријателите се простуваат од него, а објавата ја сподели општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Демир Хисар.
