Градоначалникот Петре Шилегов вечерва на одбележувањето на годишнината од катастрофалниот земјотрес ги повика граѓаните на Скопје да предлагаат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите.
Тој најави дека ќе има јавна анкета која ќе почне од утре.

„Лани на овој ден ги вративме буквите на старата железничка станица. Пред неколку месеци, катните гаражи кои се во надлежност на Градот добија нови имиња, како „26 јули“ или „Беко“. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“, посочи градоначалникот на Скопје.