Во Скопје во последните 24 часа откриени се нови 45 случаи со ковид-19. Со нив, вкупната бројка на активни случаи во главниот град е 854. Бројот на излекувани пациенти во последното деноноќие во главниот град, пак, е 35 додека на ниво на држава е 212.
Состојбата по општини покажува дека во Чаир има 117 активни случаи, во Аеродром 105, Гази Баба – 102 и Кисела Вода 100.
Понатаму, состојбата е следна:
- Карпош – 86
- Центар – 85
- Бутел – 65
- Ѓорче Петров – 55
- Шуто Оризари – 32
- Сарај – 26
- Студеничани – 20
- Арачиново – 16
- Илинден – 12
- Петровец – 10
- Сопиште – 6
- Чучер Сандево – 5
- Зелениково – 3
- Странец – 5
- Нераспределени – 4
