Поради пожар кај местото Топлица, сообраќајот на патниот правец Прилеп-Градско од 18:45 часот е во целосен прекин за сите видови возила, додека пак патниот правец Берово-Делчево е пуштен за сообраќај од 18:40 часот, соопшти АМСМ.
Денеска од МВР соопштија дека, поради пожарите во Прилепско, две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од селото Ракле попладнево биле евакуирани од полицијата и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син.
Како што беше соопштено, луѓето биле евакуирани откако околу 14 часот била добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има двајца стари неподвижни луѓе кои се во опасност поради настанатиот пожар.