Еден од четворица заразени се хоспитализира (23,7%), а другите остануваат да се лекуваат во домашни услови, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје
Еден од четворица (126 од 483) регистрирани носители на вирусот нема(л) никакви симптоми
Од 15 февруари до 3 март во земјава се тестирани вкупно 4 920 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 од кои 483 се позитивни.
Според оваа статистика на Институтот за јавно здравје, секој десетти тест е позитивен или 9,81% од вкупно направените.
Дел од тестираните материјали се од исти личности, како на пример од оздравените, кои се тестирани најмалку по три пати: кога е констатирано дека се заразени и два пати пред да бидат пуштени од болница.

Од пријавените случаи, 23,7% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (64,1%), температура (63,2%), слабост (33,6%), главоболка (22,0%), треска (19,1%), болка во грло (17,1%) и отежнато дишење (16,4%), а 126 лица се/биле без изразени симптоми.
*поврзана вест Денеска најголем број нови случаи на коронавирус, заразени се уште 53 лица