Откако претходно претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токаев, побара помош од Советот за колективна безбедност (ОДКБ), првите единици од рускиот контингент мировни сили пристигнаа во земјата, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во Казахстан беа испратени единици на 45-та посебна бригада на специјалните сили на Воздухопловните сили на Русија.
#Kazakistan #KazakhstanProtest #Kazakıstan #Kaza #Kazajstan #Kazahstan
— David Kime (@CyberRealms1) January 6, 2022
Footage of the arrival of the first Russian paratroopers as part of the CSTO peacekeeping forces in Kazakhstan. pic.twitter.com/jqbt22FjZ8
ОДКБ одлучи да испрати колективни мировни сили во Казахстан на ограничен период. Покрај војници на руската армија, мировните сили ќе ги сочинуваат претставници на вооружените сили на уште четири земји – Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан. Тие ќе бидат задолжени за чување на државните и воените објекти и ќе им помагаат на силите на редот за стабилизирање на состојбата во државата.
Немирите во Казахстан, кои траат веќе неколку дена, продолжија и денеска. Полицијата соопшти дека цел на нападите биле зградите на администрацијата и полицијата во Алма Ата и дека дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и припадниците на безбедносните сили и армијата. Убиени се десетици напаѓачи. Според последните информации, повторно се слушаат пукотници во центарот на градот, а има и ранети.
Низ целата земја има засилени полициски патроли, а поставени се и контролни пунктови.
Сите државни згради во Алма Ата, наводно, се под полициска контрола. Во антитерористичката акција „Во име на мирот“, покрај Плоштадот на Републиката, беа ослободени и општинската зграда и претседателската резиденција.