Според тамошното Министерство за здравство, вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против варијантите, но во помала мера
Израел регистрира осум инфекции со сој на коронавирусот, кој првпат е идентификуван во Индија и се верува дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ делумно штити од него, изјави денеска израелски здравствен службеник.
„Првите седум случаи на индиска варијанта на коронавирусот беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓе што пристигнале од странство и оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање“,
соопшти израелското Министерство за здравство.
Според Кан Хези Леви, впечаток е дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против варијантите, но во помала мера и додаде дека бројот на нови варијанти на коронавирусот во Израел сега е осум.
Велика Британија и Ирска, исто така, објавија дека ја истражуваат индиската варијанта откако ја откриле во нивната земја.
Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинира 81 процент од граѓаните постари од 16 години.
Инфекцијата со ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.