Во текот на изминатото деноноќие 35 граѓани биле фатени како го прекршуваат полицискиот час.
Од нив, според евиденцијата на МВР, 19 биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат пријави за сите.
На 67 лица, пак, им се издадени решенија за изолација, а 84 потпишале изјави за самоизолација.
Полицајците во текот на изминатите 24 часа утврдиле дека само две лица ја прекршиле мерката за самоизолација.