Оние кои се одговорни за користење лажни потврди може да се соочат со парични казни и условни затворски казни, како и да ја загубат работата
Германската полиција истражува илјадници случаи за кои се сомнева дека се работи за фалсификувани потврди за вакцинација против ковид, јавува АП, пренесувајќи ја веста на агенцијата ДПА.
Низ Германија се покренати над 12 000 истраги, а нивниот број нагло се зголеми во декември, кога беа воведени построги рестриктивни мерки, исклучувајќи ги невакцинираните лица од јавниот живот.
Оние кои се одговорни за користење на лажни потврди може да се соочат со парични казни и условни затворски казни, како и да ја загубат работата.
Во еден случај, беше отворена истрага за убиство од небрежност, бидејќи вработена во старечки дом користела фалсификувана потврда, иако имала членови на семејството заразени со коронавирус.
Речиси 73 отсто од германското население примило две дози од вакцината, а речиси 48 отсто ја примиле третата доза.