Здравствените власти денеска регистрираа 101 нов случај со ковид-19 во земјава од кои 57 се регистрирани во Скопје.
Министерството за здравство во денешните статистики ја објави и состојбата по општини, но таа е заклучно со вчерашниот ден односно во неа ги нема новите 57 случаи со оглед на тоа што сè уште не се завршени епидемиолошките анкети.
Според таа статистика, заклучно со вчера, во Чаир имало 384 активни случаи, а во уште 6 други општини бројката на активни случаи е над 100.
• Чаир – 384
• Гази Баба – 153
• Бутел – 140
• Центар – 133
• Сарај – 130
• Аеродром – 130
• Карпош – 114
• Кисела Вода – 95
• Студеничани – 84
• Ѓорче Петров – 77
• Шуто Оризари – 69
• Арачиново – 55
• Илинден – 30
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Нераспределен-5
• Странец – 4