Вкупниот број на пациенти со ковид кои се наоѓаат во болниците во земјава изнесува 354 од кои четири се на респиратор.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, со што вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент и нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.