Во болниците во земјава се наоѓаат вкупно 378 лица, од кои на респиратор се 6 лица.
Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти или вкупно 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска, на приватните клиника засега нема хоспитализирани пациенти со ковид-19, освен ако не се на болничко лекување од друга болест, па потоа се дијагностицирани со ковид.