Во болничките капацитети во земјава се лекуваа вкупно 322 пациенти кои се позитивни на новиот коронавирус ковид-19. Според последните податоци на Министерството за здравство, во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, а додека пак седум деца и седум мајки се суспектни на вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 827, бројката на оздравени пациенти е 13 315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 860.