Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во болница, а еден во вонболнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенти од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 827, бројката на оздравени пациенти е 13 315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6 326, активни 540
• Куманово 1 605, активни 190
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1 205, активни 72
• Прилеп 562, активни 133
• Тетово 1 304, активни 117
• Струга 627, активни 63
• Велес 288, активни 18
• Битола 245, активни 47
• Охрид 395, активни 58
• Кавадарци 202, активни 30
• Гостивар 856, активни 93
• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 103, активни 44
• Крива Паланка 83, активни 38
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 189, активни 53
• Пробиштип 95, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 1
• Македонски Брод 84, активни 12
• Пехчево 42, активни 27
• Берово 73, активни 30
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 29
• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 19
• Кичево 290, активни 29
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 53
• Гази Баба – 73
• Аеродром – 91
• Карпош – 67
• Центар – 71
• Кисела Вода – 56
• Ѓорче Петров – 22
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 10
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен – 0