„Следиме неколку случаи и чекаме тоа што го побарале од странките да еве се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани коишто ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават и без исклучок секој ќе биде санкциониран, еве јавно го кажувам тоа. Следиме, имаме информации за неколку случаи и ги следиме и чекаме. Во институции“, изјави денеска премиерот, одговарајќи на новинарско прашање
Претходно, коментирајќи ги случаите со помошник-директорот во Царина и возачот во Генералниот секретаријата на Владата, Мицкоски рече оти не се сложува со наводите дека тие се пријавени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Детали, рече, не сака да открива за да не влијае на истрагата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри дека имаат информации за уште неколку случаи на побарано мито во рамки на сектори во институции, кои, како што кажа, во моментов се следат. Сепак, вели тој, она што е важно е дека нема случаи на висока корупција, односно меѓу оние коишто се следат нема претставници од највисоките функционерски редови.

Мицкоски информациите дека се водат постапки за нови случаи на корупција во институциите, кои, според него, ќе бидат објавени наскоро, ги сподели одговарајќи на новинарско прашање за коментар во врска со апсењата на помошник-директор во Царинската управа и на возачот на генералениот секретар на Владата поради примање мито. Во истиот контекст, премиерот беше прашан и зошто сè уште има случаи во кои државни службеници земаат мито и зашто граѓаните тоа го пријавуваат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за кое тој и негови колеги од власта сметаат дека не работи добро.
„Во моментов следиме уште неколку случаи. Па, со време ќе бидат објавени во јавноста“,
рече Мицкоски во одговорот на првиот дел од прашањето.
На дополнително прашање, дали тоа значи дека има нови случаи на корупција и во кои области се тие, премиерот рече:
„Во области во рамките на институциите, на тоа ниво, во рамките на сектори. Следиме неколку случаи и чекаме тоа што го побарале од странките да еве се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани коишто ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават и без исклучок секој ќе биде санкциониран, еве јавно го кажувам тоа. Следиме, имаме информации за неколку случаи и ги следиме и чекаме. Во институции“, кажа премиерот“,
рече тој.
На инсистирање на новинарите за кои институциите и области станува збор, Мицкоски се воздржа од споделување повеќе детали.
„Па еве ви кажав тоа што…можеби чекате и датум на раѓање на ви кажам, но тоа ќе го задржам овој пат“,
изјави тој.
Претходно, коментирајќи ги случаите со помошник-директорот во Царина и возачот во Генералниот секретаријата на Владата, Мицкоски рече оти не се сложува со наводите дека тие се пријавени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Детали, рече, не сака да открива за да не влијае на истрагата.
„Не би се сложил дека граѓаните ги пријавиле во Обвинителството, но нема да давам детали во интерес на истрагата, но ги охрабрувам граѓаните, и тоа сум го кажал многу пати досега, да пријавуваат случаи на системска корупција во институциите, ги охрабрувам. Она што за мене е важно е дека нема случаи на висока корупција. Сега мора низ институциите овие случаи да ги исчистиме и искорениме, но не би рекол дека не постои доверба во институции и (граѓаните) одат во Обвинителството, но ќе го задржам одгворот додека не завршат овие случаи за да не влијаам на истрагата“,
изјави Мицкоски.

Повик до граѓаните на пријавуваат случаи на корупција претходно упатија и од ОЈО ГОКК, кога информираа дека помошник-директорот во Царина и возачот на генсекот на Владата биле откриени токму по вакви пријави и тоа се случило во период од една недела.
За потсетување, возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев пред една недела беше фатен во скопската населба Аеродром со мито кое го барал за да посредува скопјанец да се вработи како пожарникар. Пред два дена, исто така, по пријава на граѓанин, беше приведен функционерот во Царината, кој барал и примил поткуп за да влијае во постапки за јавни набавки.
Инаку, премиерот одговарајќи на прашањата информира дека наскоро ќе започнат проект со невладината „Транспаренси интернешнл“, во рамките на кој ќе биде отворена телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат случаи на системска корупција.
„Наскоро од денеска ќе почнеме еден таков проект со „Транспаренси интернешнл“ во којшто ќе имаме отворен број, отворена линија, да пријавуваат таму, а ние заедно со „Транспаренси интернешнл“ да ги спроведуваме тие случаи“,
изјави Мицкоски.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи дека судскиот систем во државата е ставен под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на партијата, Наташа Поповиќ, истакна дека доколку правосудството беше навистина слободно и независно, Мицкоски и раководството на неговата партија немаше да бидат на слобода и оти за две и пол години власта успеала целосно да ги партизира полицијата, Агенцијата за национална безбедност, како и да ги стави под своја директна команда обвинителствата и судовите.
