Зоран Заев конечно заминува од местото што го узурпираше без да победи на избори, коментира опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Зоран Заев конечно заминува од позицијата од која ѝ нанесе огромни штети на Македонија. Три години Македонија е жртва на криминално-рекетарската банда на чело со аболираниот криминалец Зоран Заев. Македонските граѓани никогаш повторно не смее да бидат жртви на криминалот, корупција, неработата и неспособноста“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Заев го претворил МВР во партиска подружница на СДСМ, а економијата го допрела дното.
„Македонското образование беше клекнато на колена и се најде на дното, а здравството е доведено пред колапс бидејќи Заев и министерот Филипче повеќе ги интересираат криминалните тендери отколку здравјето на граѓаните“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.