Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за „Монструм“ и дека други се убијците. Денеска судот ги потврди казните, а друга вистина не е утврдена, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата од Основниот кривичен суд во Скопје во случајот „Монструм“, кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро.
„Монструмот Заев да се извини за лагите за ‘Монструм’. Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација. Заев ја злоупотреби трагедијата на убиените за политичка корист и нижење на политички поени. Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини. Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал, ќе си даде оставка веднаш“,
се вели во партиското соопштение.