ВМРО-ДПМНЕ реагираат зошто доскорешниот премиер Зоран Заев е дел од владината делегација која денеска во Истанбул, во седиштето на Цариградската патријаршија се сретна со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј. На средбата освен Заев, присуствувале и техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
„Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација? Притоа Владата мора да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул?“,
рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Средбата, според владината прес-служба, е на покана од вселенскиот патријарх што Заев ја доби додека беше премиер.
*поврзана вест: Спасовски, Заев и Сотировски се сретнаа со вселенскиот патријарх Вартоломеј: Какви сигнали испраќа средбата во Истанбул?