Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира?- прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Од таму велат дека граѓаните заглавуваат во долгови и кредити за да се лекувааат од ковид-19 во приватното здравство.
„Иако го предвидуваа есенскиот бран, неспособни беа да обезбедат капацитети за прием и третман на пациенти, за сега граѓаните, спасот да го бараат во приватните болници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Што има таму, што неспособниот Фиипче не може да им го обезбеди во јавното здравство? Во јавното здравството нема соодветна терапија за сите, а истата се добива во приватните болници. Пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките, чекајќи ги резултатите или чекајќи да се соберат пари во хуманитарни акции за да одат да се лекуваат во некоја приватна болница“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги посочија и статистиките со новозаболени и починати од ковид-19 и уште еднаш побараа оставка од министерот за здравство.
„Статистиката на министерството за здравство ни покажува дека, секој ден имаме четирицифрена бројка на новозаразени со корона. Веќе надминавме 46 илјади заболени македонски граѓани, наспроти предвидувањата на неспособниот Филипче, дека во Македонија ќе имаме само две илјади позитивни на ковид-19. Неспособноста на Филипче, исто така, зави во црно 1281 семејства. Во последното деноноќие починаа уште 18 лица, на чиишто семејства им заминаа нивните, браќа, сестри, мајки, татковци, баби, дедовци, а од почетокот на пандемијата починаа 1281 лица“,
се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека медицинскиот персонал не е доволно заштитен и дека затоа голем е бројот и на здравствени лица заболени од ковид-19.
„Медицинските лица се целосно незаштитени и истоштени. Добар дел од нив, цела година се без ден одмор и се на крај со силите. Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата заразени се 1527 медицински лица, а починаа 13. Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност! Филипче, оставка веднаш!“,
порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.