Преговорите со Бугарија треба да се водат единствено откако ќе биде донесена резолуцијата во Собрание, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата бараат премиерот Зоран Заев да не измислува изговори и СДСМ и ДУИ без интриги да го поддржат документот кој веќе е поднесен во парламентот.
„Резолуцијата е резултат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ ОА, и како таква ги штити темелите на јазикот, идентитетот и нацијата. Доколку СДСМ и ДУИ се искрени кон народот резолуцијата треба да ја прифатат веднаш. Се што ќе биде во насока на минирање на нејзино донесување ќе покаже дека имаат задни намери. СДСМ еднаш нека го стават својот, зад интересот на државата. Доколку и овој пат политизираат штетите по Македонија ќе бидат големи“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија резолуцијата ја достави во Собранието во четвртокот, а претходно најголем дел од владејачките партии се изјаснија дека ќе ја поддржат. Меѓу нив, СДСМ, ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП.
Првиот вицепремиер, Артан Груби од ДУИ, во вчерашните изјави поврзани со резолуцијата и спорот со Бугарија, пак, порача дека тие апсолутно се солидаризираат со граѓаните Македонци затоа што најдобро знаат што значи да се спори јазик, култура и историја.
*Поврзани вести:
СДСМ ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, најави Костадинов
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива и за ДОМ и за ЛДП
Груби: Не ни пречи резолуцијата, само бараме да е усогласена од сите партии
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието резолуцијата за спорот со Бугарија