Консултациите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ траат, но опозицијата нема намера да го повлече предлогот за министер за внатрешни работи во техничката влада- полковникот во АРМ Драган Ковачки. Така вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде и дека се уште не се случил телефонски разговор меѓу Заев и Мицкоски, кој лидерот на опозицијата го очекуваше уште синоќа.

Одговарајќи на новинарски прашања, Стоилковски рече дека кога ќе имаат конктретни резултати ќе ги соопштат и ја повика власта да не ги одложува работите.
„Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во Министерството за внатреши работи“
изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.