Од партијата велат дека Ковачевски е дефакторизиран и дека никој не го прашува за ништо, дека негови пратеници не гласале за дневниот ред на собраниската седница за уставни измени и повторно додаваат дека избори се решение
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на ставовите кои премиерот Димитар Ковачевски ги изнесе вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител.
Од партијата велат дека Ковачевски е дефакторизиран и дека никој не го прашува за ништо, дека негови пратеници не гласале за дневниот ред на собраниската седница за уставни измени и повторно додаваат дека избори се решение.
„Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и што уште не. Не само што нема уставни измени, и што ВМРО-ДПМНЕ е конзистентно на ставот против уставните измени, туку и пратеници од СДС и коалицијата се против“,
се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, додаваат оттаму, не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени.
„Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80 отсто од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци“,
велат од партијата.
И самиот Ковачевски, се вели во соопштението, знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција и не му се важни ниту граѓаните, ниту државата и затоа, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, единствен излез од оваа криза се само избори.